Колумбија остана без селектор

Колумбија остана без селектор

Богота, 5 септември 2018 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Колумбија ќе треба да си бара нов селектор по оставката на досегашниот Хосе Пекерман.

Аргентинскиот стручњак ги предводеше Колумбијците од 2012 година, а на СП 2014 стигна до четвртфиналето.

На Мундијалот во Русија оваа година, Колумбија беше елиминирана во осминафиналето.

Пекерман е еден од најсериозните претенденти за селекторската позиција во Мексико. зс/09:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.