Индијана го продолжи договорот со тренерот Мекмилан

Индијана го продолжи договорот со тренерот Мекмилан

Индијанаполис, 5 септември 2018 (МИА) – НБА лигашот Индијана Пејсерс потпиша нов повеќегодишен договор со тренерот Нејт Мекмилан, објави клубот на официјалната веб-страница.

54-годишниот специјалист со тимот на Индијана работи од 2016 година. Во двете претходни сезони, тој има скор од 90 победи и 74 порази.

- Благодарност до раководството за укажаната доверба. Од самото мое доаѓање тука пред две години ја имам поддршката која многу ми значи, изјави Мекмилан.

Минатата сезона Индијана во плејофот беше елиминирана од Кливленд во првото коло во серија од седум меча (4:3).

Мекмилан  се најде на 6.место на листата најдобри тренери во лигата. зс/11:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.