• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Гвардиола им забрани мобилни телефони на играчите

Гвардиола им забрани мобилни телефони на играчите

Манчестер, 5 септември 2018 (МИА) – Манчестер сити планира да ја повтори одличната минатогодишна сезона кога ја освои Премиер лигата, а тренерот Пеп Гвардиола за таа цел воведе построги правила за играчите и најави парични казни за непочитување на истите.

За да ја задржи концентрацијата на играчите, Гвардиола меѓу другото им забранил да ги користат мобилните телефони во тренинг центарот, а единствено место од каде ќе можат да телефонираат е соблекувалната. Парични казни се предвидени и за оние кои ќе доцнат на тренинзите, а досега за ова бил казнет Бенџамин Менди.

Гвардиола строго ја започна новата сезона, а за тоа сведочи и фактот дека Лирој Сане поради недисциплина и слабо залагање на тренинзите досега нема настапено на ниту еден натпревар во новата сезона.

Манчестер сити по четири кола во Премиер лигата има три победи и едно реми, а следниот натпревар го игра дома против Фулам. дб/цч/17:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...