• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Премиер лигата ќе го тестира ВАР системот

Премиер лигата ќе го тестира ВАР системот

Лондон, 5 септември 2018 (МИА) - Премиер лигата ќе го тестира ВАР системот на 15 натпревари, но засега нема планови видео технологијата да се користи следната сезона.

Системот првпат ќе биде тестиран на 15 септември на пет натпревари, на кои меѓу другите ќе настапат и Арсенал, Челзи и Манчестер сити.

На овие натпревари иако ќе биде инсталирана ВАР технологијата судијата нема да може да ја користи, бидејќи ќе нема директен контакт со тимот кој ќе го набљудува видео материјалот.

Првична цел на овие тестирања е да се види дали видео тимот може да следи повеќе натпревари во исто време, како и дали ќе одговори на барањата на теренот.

Премиер лигата е една од последните големи лиги, која се уште активно не ја користи ВАР технологијата. дб/ми/19:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...