• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Ѓоковиќ: Милман многу ме измачи

Ѓоковиќ: Милман многу ме измачи

Њујорк, 6 септември 2018 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска извојува тешка победа над Австралијанецот Џон Милман (6:3, 6:4, 6:4) во четвртфиналето на УС Опен.

- Беше многу тежок меч за мене. Игравме речиси три часа. Мора да му се оддаде признание на Џон за извонредната партија. Ми пружи силен отпор. Напорно беше за двајцата. За време на натпреварот сменив многу маички. Се обидов да издржам и да најдам можност да победам на натпреварот. Временските услови беа комплицирани, но тие беа исти за нас двајцата, изјави Ѓоковиќ

Србинот во полуфиналето на УС Опен ќе се сретне со Кеи Нишикори од Јапонија. зс/10:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.