• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Марсело останува во Реал до крајот на кариерата

Марсело останува во Реал до крајот на кариерата

Мадрид, 6 септември 2018 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Марсело соопшти дека ќе остане во мадридскиот клуб до крајот на кариерата.

Претходно повеќе светски медиуми шпекулираа дека 30-годишниот Бразилец може да се пресели во Јувентус каде замина Кристијано Роналдо.

- Слушнав многу глупави работи, наводно ќе сум одел кај Роналдо во Јувентус. Сакам да потенцирам дека ќе останам во Реал до крајот на кариерата, изјави Марсело за италијанските медиуми.

Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. Со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ има четири освоени титули во Шпанија и исто толку во Лигата на шампионите.

Во тековната сезона, Бразилецот одигра четири натпревари за Реал Мадрид. зс/10:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...