• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Земјотресот го одложи натпреварот Јапонија – Чиле

Земјотресот го одложи натпреварот Јапонија – Чиле

Токио, 6 септември 2018 (МИА) - Пријателски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Јапонија и Чиле е одложен поради силниот земјотрес што го погоди островот Хокаидо.

По земјотресот од 6,7 степени по Рихтер, Фудбалската федерација на Јапонија (ЈФА) одлучи да го одложи мечот во Сапоро, земајќи ја предвид големината на штетите, недостатокот на електрична енергија, како и безбедноста на гледачите.

Нашите мисли и молитви се со жртвите во Хокаидо, изјави претседателот на ЈФА Ташима Конзо.

Досега, од земјотресот животот го загубија четири лица, додека уште 32 лица се водат за исчезнати. зс/13:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.