Погба: Во моментов сум во Јунајтед, но кој знае што може да се случи

Погба: Во моментов сум во Јунајтед, но кој знае што може да се случи

Манчестер, 6 септември 2018 (МИА) - Францускиот фудбалер од средниот ред, Пол Погба ја разбрани јавноста со изјавата за неговиот престој во вицешампионот на Англија, Манчестер Јунајтед.

Погба наводно е во лоша врска со менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, а извесно време се шпекулира дека тој експлицитно побарал трансфер во својот поранешен клуб, Јувентус во текот на следниот трансфер период.

- Многу работи се кажаа, но јас имам договор со Манчестер. Мојата иднина е тука, имам договор и тука играм, но кој знае што може да се случи во наредните месеци, рече Погба.

Во врска со односот со Мурињо, тој негира дека има некои големи проблеми.

- Мурињо и јас имаме класичен однос меѓу играч и тренери, и така треба да биде. Можам да ве уверам дека јас секогаш давам 100 отсто, без разлика кој е мојот тренер. Секогаш давам 100 отсто за Јунајтед, тоа е се што сакам да кажам, додаде Погба.

Погба дефинитивно ќе се врати во Торино оваа година, бидејќи го очекува натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите против Јувентус. вз/ссм/16:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ