• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Манчестер Јунајтед тргнува по Ернандез во јануари

Манчестер Јунајтед тргнува по Ернандез во јануари

Манчестер, 6 септември 2018 (МИА) - Манчестер Јунајтед покажува многу сериозен интерес за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лука Ернандез, објави „Франс фудбал“. Привлекувањето на 22-годишниот Французин е приоритет на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Ернандез се пресели во Атлетико во 2014 година. Како дел од мадридскиот клуб, тој ја освои Лигата Европа и Супер Купот на Европа. Ернандез, исто така, стана светски шампион во 2018 година со францускиот национален тим. Оваа сезона Французинот одигра два натпревари за Атлетико.

Тој има договор со шпанскиот гигант до летото 2023 година, а клаузулата за ослободување, предвидена во него, е во вредност од 80 милиони евра. Се чини дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја активираат и да платат 80 милиони евра за францускиот репрезентативец.

Од Атлетико Мадрид му нудат нов договор на Ернандез до летото 2024 година, а исто така имаат желба да ја зголемат неговата клаузула и таа да порасне на 150 милиони евра. вз/цч/18:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ