Жан Тод: Формула 1 нема да биде целосно електрична

Жан Тод: Формула 1 нема да биде целосно електрична

Париз, 6 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) Жан Тод ги отфрли гласините дека најпрестижниот автомобилски шампионат - Формула 1 - во иднина ќе стане целосно електрично натпреварување.

Неодамна спортскиот шеф на „Либерти медија“ Рос Браун објави дека ништо не може да ги запре „кралските трки“ да го следат примерот на целосно електричните серии на Формула Е. Тод побрза да ги демнатира овие зборови, нарекувајќи ги „целосна бесмислица“.

- Тоа нема да се случи. Станува збор за две радикално различни тркачки серии. Болидите во Формула Е не можат да ги развијат истите брзини какви што имаме во Формула 1. Тоа е една од причините што трките од Формула Е да се одржуваат во градски услови - не би било интересно ако се одржуваа на „Монца“ на пример, вели Французинот.

Според него Формула Е се развива добро, но споредбите меѓу Формула Е и Формула 1, сепак се „едноставно здодевни“. вз/цч/20:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.