• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

За шефот на Милан, Дуделанж е тежок противник

За шефот на Милан, Дуделанж е тежок противник

Милано, 6 септември 2018 (МИА) - Техничкиот директор на Милан, Бразилецот Леонардо, не верува дека тимот Дуделанж од Луксембург ќе биде лесен противник.

Како што е познато, „росонерите“ се паднаа во група со тимот, заедно со Бетис (Шпанија) и Олимпијакос (Грција) во групната фаза на Лигата на Европа.

- Имаме многу фанови во Лускембург. Го знаеме начинот на игра на Дуделанж и не сметаме дека тоа ќе биде лесен натпревар, особено во европски клубски турни. Не треба да ги потценуваме ни Бетис и Олимпијакос. Нашата група е многу тешка, рече Леонардо.

Милан гостува на Дуделанж во првиот натпревар од групната фаза, а средбата е на 20 септември од 21:00 часот.вз/цч/20:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.