• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Продолжуваат натпреварите од Лигата на нациите

Продолжуваат натпреварите од Лигата на нациите

Болоња, 7 септември 2018 (МИА) - Новиот турнир на УЕФА - Лигата на нациите вчера стартуваше со неколку интересни натпревари. Најважна за нас е победата на Македонија на гости против Гибралтар со 2:0 во групата 4 од Лигата „Д“, а следниот меч против Ерменија во недела се очекува да биде најважниот за нашиот евентуален пласман во следната фаза. 
 
Турнирот продолжува денеска со нови натпревари, а најинтересниот се чини е меѓу Италија и Полска во Болоња. За репрезентацијата на „азурите“ ќе дебитира новиот тренер Роберто Манчини, а по пропуштањето на СП 2018 година се очекува поранешниот тренер на Интер и Сити да ја врати репрезентацијата на голем турнир.
 
Лига на нации, 1 коло: 
 
Лига „А“
 
Група 3
Италија - Полска
 
Лига „Б“
 
Група 2
Турција - Русија
 
Лига „Ц“
 
Група 1
Албанија - Израел
 
Група 4
Литванија - Србија
Романија - Црна Гора
 
Лига „Д“
 
Група 3
Азербејџан - Косово
Фарски Острови - Малта. вз/09:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ