Лев: Озил ме разочара како човек

Лев: Озил ме разочара како човек

Берлин, 7 септември 2018 (МИА) - Селекторот на Германија, Јоаким Лев зборуваше првпат сосема отворено за Месут Озил и неговата одлука да се повлече од националниот тим, наведувајќи го како причина расистичкиот однос кон него.
 
Сето ова беше многу изненадувачки за самиот Лев кој дознал за одлуката на фудбалерот од медиумите.
 
По ремито 0-0 со Франција, Лев беше запрашан за Озил и не го криеше своето разочарување.
 
- Секако дека очекував да ми заѕвони, да ми каже лично и да ме информира. Не ги знам причините зошто не го направил тоа. Логично сум разочаран поради овој факт. Долги години одевме по овој пат заедно, имавме многу успех, тој беше класа играч. Но, како човек, јас сум многу разочаран, рече селекторот. вз/12:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...