Манчестер сити нема да дозволи трансфер на Брахим Дијаз во Реал Мадрид

Манчестер сити нема да дозволи трансфер на Брахим Дијаз во Реал Мадрид

Манчестер, 7 септември 2018 (МИА) – По гласините дека Брахим Дијаз ќе се пресели од Манчестер сити во Реал Мадрид, тренерот Пеп Гвардиола истакна дека нема да дозволи таков трансфер.

Дијаз во Сити дојде од Малага, а 19-годишниот фудбалер во 2017 година потпиша професионален договор со англискиот клуб.

За младиот фудбалер сериозен интерес пројави Реал, под изговор дека сака да ги врати најголемите шпански фудбалски таленти во таковината.

Во Сити не гледаат позитивно на намерите од клубот во Мадрид, а дополнителни проблеми им создава договорот со Дијаз кој истекува на крајот од оваа сезона.

Англискиот шампион планира да го задржи Дијаз во Манчестер, а во меѓувреме Гвардиола не дозволи шпанскиот фудбалер да замине како позајмица, иако за него интерес пројавија повеќе клубови. дб/цч/16:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.