• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

УЕФА ја казни Црвена звезда за однесувањето на навивачите

УЕФА ја казни Црвена звезда за однесувањето на навивачите

Нион, 7 септември 2018 (МИА) - Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена звезда со забрана за носење навивачки групи на следните две гостувања во Лигата на шампионите заради влегувањето на навивачи на теренот во Салцбург.

Санкциите се однесуваат на натпреварите против ПСЖ во Париз на трети октомври и против Ливерпул три седмици подоцна.

Воедно заради однесувањето на навивачите на белградскиот клуб на Ред бул арената, каде кршеа инвентар, фрлаа тврди предмети на терен и употребуваа пиротехника, Црвена звезда ќе мора да плати и парична казна од 30.000 евра. дб/цч/19:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...