Надал: Мразам да се откажувам од натпревари

Надал: Мразам да се откажувам од натпревари

Њујорк, 8 септември 2018 (МИА) – Актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал го заврши настапот на Ју-Ес опен, откако поради повреда на десното колено му го предаде полуфиналниот натпревар на аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.

По два одиграни сета Дел Потро имаше водство од 2:0, а Надал откако трипати повика медицинска екипа на теренот одлучи да го предаде натпреварот.

-          Претходно имав помали проблеми на вториот или третиот натпревар на турнирот, но во полуфиналето почувствував болка уште во првиот сет. Се обидов да ја санирам, но едноставно не можеше, истакна Надал.

Шпанскиот тенисер наведе дека не е сигурен колку ќе отсуствува од терените.

-          Во моментов не сум сигурен што чувствувам, но болката не е толку силна. Имав тешки моменти на теренот, но со правилен третман очекувам да се вратам на натпреварите. Засега не можам да прецизирам колку тоа ќе трае, изјави актуелниот најдобар тениер во светот.

Надал беше видно разочаран и нагласи дека не сака кога е присилен вака да се откажува од натпревари.

-          Мразам да предавам натпревари, но ќе беше премногу ако останев и играв во оваа состојба, наведе шпанскиот тенисер.

За него ова е третпат на гренд слем турнир да се откажува од натпревар.дб/09:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ