ЛН: Италија ремизираше со Полска, Русија ја совлада Турција

ЛН: Италија ремизираше со Полска, Русија ја совлада Турција

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) – Во рамките на новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нациите синоќа се одржаа повеќе средби.

Италија во Лигата А на натпреварот во Болоња ремизираше со 1:1 против Полска, додека Русија во Лига Б на гостувањето во Трабзон ја совлада Турција со 1:2.

Албанија во Група 1 од Лига Ц на домашен терен го совлада Израел со 1:0.

Србија во Група 4 од Лига Ц во Вилнус ја совлада Литванија со 0:1, додека во истата група Романија и Црна Гора ремизираа без голови.

Азербејџан во Група 3 од Лига Д ремизираше без голови со Косово, а репрезентацијата на Фраски Острови ја совлада Малта со 3:1.

Македонија настапува во Групата 4 од Лига Д  и досега оствари гостинска победа против Гибралтар од 0:2. дб/09:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...