• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Победи на Бразил, Уругвај и Аргентина на пријателските натпревари во САД

Победи на Бразил, Уругвај и Аргентина на пријателските натпревари во САД

Њу Џерси, 8 септември 2018 (МИА) – Бразил ја совлада фудбалската репрезентација на САД со 0:2 на пријателскиот натпревар одигран во Њу Џерси.

Гостите двата гола ги постигнаа во првото полувреме. Бразил поведе во 11-та минута со голот на Роберто Фирмино, а конечните 0:2 ги постави Нејмар во 43-та минута со гол од пенал.

Бразил на 12-ти септември во вториот контролен натпревар ќе му гостува на Ел Салвадор.

Уругвај на натпреварот во Хјустон убедливо го совлада Мексико со 4:1. Уругвајците поведоа во 21-та минута со голот на Хозе Марија Хименез, а четири минути подоцна Раул Хименез беше прецизен за израмнување.

Во 32-та минута Луис Суарез зголеми на 2:1, а во 40-та минута истиот играч успешно реализираше пенал за водство од 3:1.

Гастон Переиро во 59-та минута ги постави конечните 4:1.

Комбинираната репрезентација на Аргентина во Лос Анџелес ја совлада Гватемала со 3:0, а сите голови беа постигнати уште во првото полувреме.  

Гонзало Мартинез со гол од пенал донесе водство за Аргентина, Ло Челсо ја зголеми предноста, а третиот гол го реализираше Џовани Симеоне.

На преостанатите два натпревари Колумбија ја совлада Венецуела со 2:1, а Еквадор со 2:0 беше поуспешен од Јамајка.дб/ 10:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ