Ѓоковиќ: Во моментов најважно е да ги контролирам емоциите

Ѓоковиќ: Во моментов најважно е да ги контролирам емоциите

Њујорк, 8 септември 2018 (МИА) – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е исклучително возбуден поради пласманот во финалето на Ју-Ес опен, но пред натпреварот смета дека е најважно да ги контролира емоциите.

Ѓоковиќ во полуфиналето го совлада јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, а во борбата за трофејот ќе се соочи со Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

- Навистина сум возбуден од она што ме чека во недела. Во моментов најважна работа е да ги контролирам емоциите. Освен што сме професионални спортисти, ние сме и човечки суштества и затоа е потребно да се справиме со емоциите. Воедно мора да учиме од грешките, бидејќи секое искуство е значајно, истакна Ѓоковиќ.

Пред почетокот на турнирот прогнозите беа дека Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се соочи со Роже Федерер, а во финалето ќе игра со Рафаел Надал.

Но поради повредата на десното колено Надал му го предаде полуфиналниот натпревар на Дел Потро.

Ѓоковиќ досега победил на 14  од вкупно 18-те меѓусебни натпревари со Дел Потро.дб/11:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...