• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Дино Раѓа и официјално дел од американската „Куќа на славните“

Дино Раѓа и официјално дел од американската „Куќа на славните“

Њујорк, 8 септември 2018 (МИА) – Легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дино Раѓа синоќа и официјално беше примен во американската „Куќа на славните“ во Спрингфилд.

Поранешната ѕвезда на Југопластика, Бостон селтикс, Југославија и Хрватска по Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002) и Мирко Новосел (2002) е четвртиот хрватски кошаркар кој стана дел од кошаркарската елита.

Раѓа на свеченоста, на која присуствуваше и неговата сопруга и синот, во обраќањето не успеа да ги задржи емоциите и заплака.

Тој им се заблагодари на сите со кои соработувал низ кариерата, но најмногу се осврна на релациите со Тони Кукоч, Дражен Петровиќ и Стојко Вранковиќ.

Неговиот говор неколкупати беше прекинат со громогласен аплауз.

Раѓа во „Куќа на славните“ во воведе поранешната ѕвезда на Бостон селтикс Лери Бирд.дб/11:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...