• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Гризман: Ако Бекам ме повика ќе заминам во Мајами

Гризман: Ако Бекам ме повика ќе заминам во Мајами

Мадрид, 8 септември 2018 (МИА) - Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, изјави дека во иднина ако добие понуда од легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе прифати да настапува за неговиот клуб во Мајами.

Бекам неодамна основаше нов клуб под името Интер Мајами, кој во американската МЛС лига ќе се натпреварува од 2020 година.

И претходно во повеќе наврати 27-годишниот Гризман истакнуваше дека сака кариерата да ја заврши во САД.

-          Ако Бекам ме повика во неговиот клуб, јас ќе заминам таму. Сакам кариерата да ја завршам во САД. Сега не занам точно дали тоа ќе биде во Мајами или во Лос Анџелес. И двата града се одлични. Ми се допаѓаат американскиот менталитет и култура, истакна Гризман.

Фудбалерот на Атлетико наскоро нема да замине за САД, бидејќи има договор со клубот од Мадрид со важност до 2023 година.

Во меѓувреме Гризман може да се пресели и во Барселона, бидејќи во последниот период се почести се гласините за негов трансфер во каталонскиот клуб.дб/16:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...