• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ЛН: Шпанија ја совлада Англија на „Вембли“

ЛН: Шпанија ја совлада Англија на „Вембли“

Лондон, 9 септември 2018 (МИА) - Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето на „Вембли“ во рамките на Лигата на нации.

Натпреварот од Групата 4 од Лига А траеше повеќе од 100 минути, а Англија во 11-та минута поведе со погодокот на Маркус Рашфорд. Но, две минути подоцна Саул Нигез беше прецизен за израмнување, а во 32-та минута Родриго и донесе победа на Шпанија и ги постави конечните 1:2.

За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа.

Во натпреварот од Групата 2 од Лига А, Швајцарија во Сент Гален убедливо го совлада Исланд со 6:0.

Босна и Херцеговина во Групата 3 од Лига Б ја совлада Северна Ирска со 1:2.

Во Групата 2 од Лига Ц се одиграа два натпревари при што Естонија ја совлада Грција 0:1, а Финска оставри победа над Унгарија од 1:0.

Во рамките на најслабата Лига Д во Групата 2, Белорусија убедливо го совлада Сан Марино со 5:0, а во истата група Луксембург забележа победа на домашен терен против Молдавија од 4:0. дб/рп/10:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...