Лук Шо по повредата соопшти дека се чувствува добро

Лук Шо по повредата соопшти дека се чувствува добро

Лондон, 9 септември 2018 (МИА) - Англискиот репрезентативец Лук Шо тешко се повреди по судирот со Дани Карвахал на натпреварот против Шпанија од Лигата на нации.

Шо падна на главата и остана неподвижно да лежи на теренот, по што веднаш беше пренесен во болница.

Инцидентот предизвика загриженост кај навивачите, но денеска фудбалерот преку својот Твитер профил соопшти дека се чувствува добро.

- Ви благодарам за целата љубов и поддршка. Јас сум добро и во најдобрите раце. Борец сум и наскоро ќе се вратам, напиша Шо.

Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето во Лондон. За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа. дб/рп/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...