Енрике: Де Хеа е еден од најдобрите светски голмани

Енрике: Де Хеа е еден од најдобрите светски голмани

Лондон, 9 септември 2018 (МИА) – Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим, а особено го пофали голманот Давид де Хеа.

Голманот по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија во изминатиот период беше честа цел на критики, но во Лондон беше еден од најзаслужните за победата на Шпанија.

- Особено сум задоволен од тоа што го прикажа Де Хеа. Тој е еден од најдобрите светски голмани и никогаш не се сомневав во него. Грешките понекогаш помагаат да напредувате и да бидете уште подобар, истакна Енрике.

Тој дебитираше на шпанската клупа со победа против Англија од 2:1 на гостувањето на „Вембли“ во Лигата на нациите. дб/рп/12:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ