• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Марадона: Возбуден сум пред новиот ангажман во Мексико

Марадона: Возбуден сум пред новиот ангажман во Мексико

Кулијакан, 9 септември 2018 (МИА) – Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона изјави дека е возбуден по неговото назначување за тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа.

Марадона утре ќе допатува во Кулијакан и ќе ја официјализира соработката со клубот.

- Возбуден сум за новата можност да работам како тренер. Среќен сум што доаѓам во земја каде станав шампион на светот, истакна легендарниот аргентински фудбалер.

Марадона на Светското првенство во Мексико во 1986 година со арагентинската репрезентација ја освои шампионската титула, а тој беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

По завршување на играчката кариера Марадона во неколку наврати беше ангажиран како тренер, а работеше и како селектор на репрезентацијата на Аргентина. дб/гт/14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...