• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Дел Потро: Тешко ми е, но среќен сум за Ѓоковиќ

Дел Потро: Тешко ми е, но среќен сум за Ѓоковиќ

Њујорк, 10 септември 2018 (МИА) - Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро го загуби финалниот меч на УС Опен против Новак Ѓоковиќ за кого рече дека е одличен играч.

- Тешко ми е да разговарам сега. Загубив, но среќен сум што трофејот го освои Ѓоковиќ. Тој е одличен играч. Јас се обидов д аги надминам повредите з ада бидам тука. УС Опен е мој омилен турнир, изјави Дел Потро.

Ѓоковиќ ноќеска во финалето на УС Опен го победи Дел Потро со 3-0 што е трет негов трофеј во Њујорк и 14-та Грен слем титула. зс/09:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.