• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Зидан го најави своето враќање на тренерската работа

Зидан го најави своето враќање на тренерската работа

Париз, 10 септември 2018 (МИА) - Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека наскоро ќе и се врати на тренерската работа.

46-годишниот Французин го напушти тренерското место на „кралскиот клуб“ на 31 мај 2018 година.

- Се разбира, наскоро ќе тренирам тим повторно. Тоа е она што сакам да го работам и она што го правам цел живот, изјави Зидан.

Францускиот стручњак го предводеше Реал од 2016 до 2018 година. Под негово водство, мадридскиот клуб го освои шампионатот на Шпанија и три пати ја освои Лигата на шампионите. зс/10:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.