• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Член на ИК на УЕФА со поддршка за укинување на правилото „гол на гости“

Член на ИК на УЕФА со поддршка за укинување на правилото „гол на гости“

Нион, 10 септември 2018 (МИА) - Членот на Извршниот комитет на УЕФА Сервет Јардимци искажа позитивно мислење за предлогот да се укине правилото гол на гости.

Претходно, тренери водечките клубови во Европа испрати предлог да се ревидира правилото според кое при резултат со иста разлика, повеќето постигнати голови на гости го одредуваат победникот во нок-аут натпреварите.

- Тренерите покренаа важно прашање. Се согласувам со фактот дека голот на гостински терен не треба да вреди два, тоа звучи разумно. Покрај тоа, таа во голема мера влијае на тактиката, особено кога се игра на свој терен. Играње пред своите навивачи не треба да се темели на премногу размислување за одбраната како што е сега, бидејќи секој примен гол има поголема вредност од дадениот. УЕФА дефинитивно ќе обрне внимание на оваа понуда, изјави Јардимци.

Тој најави дека релевантните комисии ќе ги испитаат сите детали и ќе се направи проект кој ќе оди на гласање на Извршниот комитет.

- Тешко да се каже во кои временски рамки нешто може да се промени. Мислам дека до крајот на септември ќе почне да се дејствува по оваа иницијатива, рече членот на Извршниот комитет на УЕФА.

Правилото гол на гости за прв пат беше воведено во 1965 година. зс/11:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.