Убиен фудбалер на Сент-Етиен

Убиен фудбалер на Сент-Етиен

Сент-Етиен, 10 септември 2018 (МИА) - Младиот фудбалер на Сент-Етиен, Вилијам Гомис беше застрелан од огнено оружје во францускиот Ла Сен-Сер Меру, објавија локалните медиуми.

19-годишниот Гомис, братучед на познатиот фудбалер Бафетимби Гомис, е убиен во, засега, необјасниви околности.

Гомис играше за втората екипа на Сент-Етиен во француската трета лига. Минатата сезона одигра 18 натпревари.

Клубот се уште не се огласи за овој случај. зс/12:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ