• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Маринели му додели отказ на контроверзниот Фенати (видео)

Маринели му додели отказ на контроверзниот Фенати (видео)

Рим, 10 септември 2018 (МИА) – Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати доби отказ од тимот на Маринели Снајперс по инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.

Фенати во еден момент од трката се доближи до Стефано Манци и при брзина од околу 200 км/час се обиде да ја притисне неговата кочница, со што животно го загрози ривалот на патеката. Двајцата возачи претходно имаа кошкања на патеката, при што Манци го избутка Фенати од патеката.

Манци беше казнет со шест позиции, додека надлежните го санкционираа Фенати со суспензија од две трки.

Од Маринели се извинија за однесувањето на својот досегашен возач во Мото 2-шампионатот.

- Тимот се дистанцира од постапката на Фенати и и се извинува на целокупната спортска јавност. Тоа што тој го направи е лоша порака за сите, и за гледачите и за спонзорите, соопштија од Маринели. зс/12:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...