• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Панцирите“ добиваат 50 милиони евра во опрема од „Адидас“

„Панцирите“ добиваат 50 милиони евра во опрема од „Адидас“

Берлин, 10 септември 2018 (МИА) – Германската фудбалска репрезентација ќе го задржи снабдувачот со спортска опрема „Адидас“ до 2026 година.

Тамошниот фудбалски сојуз објави продолжување на договорот со светски познатата компанија. Детали за новиот договор не се објавуваат, а тој е со важност до 2026 година.

Актуелниот е со важност до 2022 година.

Претходно, компанијата „Адидас“ соопшти дека ќе потроши повеќе од 50 милиони евра годишно за да ги задоволи потребите на германската репрезентација. зс/13:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.