• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Фенати јавно се извини за инцидентот во Сан Mарино

Фенати јавно се извини за инцидентот во Сан Mарино

Рим, 10 септември 2018 (МИА) - Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати јавно се извини за инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.

Фенати во еден момент од трката се доближи до Стефано Манци и при брзина од околу 200 километри на час се обиде да ја притисне неговата кочница со што животно го загрози ривалот на патеката. Двајцата возачи претходно имаа кошкања на патеката, при што Манци го избутка Фенати од патеката.

На Фенати му беше покажано црно знаме на патеката заради неодговорно возење, а веднаш беше суспендиран за следните две трки.

-          Искрено жалам за тоа што го направив. Размислував и мислам дека направив срамен потег, недостоинствен гест. Не требаше така да реагирам на провокациите, истакна Фенати.

Најголемиот дел од неговите колеги го осудија овој инцидент, а најрадикалните побараа Фенати да добие доживотна суспензија.

-          Критиките се заслужени и ја разбирам огорченоста што ја чувствуваат кон мене. Сакам да им се извинам на сите кои ги повредив со моето однесување. Во моментов претставата која луѓето ја имаат за мене е ужасна. Но, оние кои ме познавааат знаат дека не сум таков, нагласи Фенати.

Тој во меѓувреме доби отказ од тимот на Маринели Снајперс.дб/16:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ