УЕФА ќе воведе трето клупско натпреварување

УЕФА ќе воведе трето клупско натпреварување

Нион, 11 септември 2018 (МИА) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе ново клупско натпреварување почнувајќи од 2021 година.

Засега не е познато каков ќе биде форматот, но бројот на екипи во еврокуповите би се проширил на 96.

- Дадено е зелено светло, одобрувањето е во тек. Сегашниот модел треба да се модернизира, рече официјалниот претставник на УЕФА и претседател на Јувентус, Андреа Ањели.

Тој на Собранието на Европското здружение на клубови (ЕЦА) во Хрватска рече дека прво треба да се утврди календарот на натпреварот.

- Потребна е детална процена на постојниот календар на меѓународни натпревари пред воведувањето на новиот модел, изјави Анели.

До 2008 година УЕФА имаше три натпреварувања кога Купот Интертото беше укинат.

Во моментов се играат Лигата на шампионите и Лига Европа, а според процените, новото натпреварување би можело да се воведе најрано во 2021 година. зс/13:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.