Ѓоковиќ ја откри својата тајна за неодамнешните успеси

Ѓоковиќ ја откри својата тајна за неодамнешните успеси

Њујорк, 11 септември 2018 (МИА) - Шампионот на Вимблдон и Ју Ес Опен, Новак Ѓоковиќ призна пред медиумите кој е клучот за одличната форма и двете Гренд слем титули, кои ги освои во последните месеци. Според Ѓоковиќ тоа се должи на петдневниот одмор на планина, заедно со неговата сопруга Јелена.

Како што е познато, пред Ролан Гарос, Србинот имаше тешкотии по повредата во лактот и се наоѓаше едвај на 22-то место на светската ранг-листа, а на самиот турнир претрпе изненадувачки пораз во 1/4-финалната фаза од Марко Чекинато. Токму по него, тенисерот одлучил да помине неколку дена на француските планини. Резултатот - титули од „Ол Ингланд Клаб“, Синсинати и Отвореното првенство на САД.

- Отидов на петдневен одмор со мојата сопруга во француските планини. Едноставно се изолиравме и ги разгледавме работите од друга гледна точка. Оттогаш, тенисот беше сосема поинаков за мене. Во однос на резултатите играв финале во Квинс, победив на Вимблдон, Синсинати и Ју Ес Опен. Можеби наскоро ќе мора повторно да одиме на слично нешто, вели тој.

Тенисерот потоа ја пофали својата сопруга Јелена за нејзината форма.

- Се сеќавам на моментот кога се искачивме на планината. Беше многу високо. Ние стигнавме до врвот за три часа благодарение на мојата сопруга. Неверојатно, таа е во толку добра форма. Не можам да верувам дека успеа да се искачи. Седнавме и само гледавме на светот од оваа перспектива. Ние едноставно вдишавме нова инспирација и мотивација, рече уште Ѓоковиќ. вз/ссм/20:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...