• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Енрике: Не е лесно да се победи тим што ги има Ракитиќ и Модриќ

Енрике: Не е лесно да се победи тим што ги има Ракитиќ и Модриќ

Мадрид, 12 септември 2018 (МИА) – Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, е задоволен од тоа како неговиот тим одигра против Хрватска во Лигата на нациите. Шпанија победи со 6:0, а Енрике вели дека не е лесно да се игра против состав во кој се наоѓаат Лука Модриќ и Иван Ракитиќ.

- Тешко е да се победи тимот што притиска како Хрватска. На почетокот создадоа свои моменти. Ние го надминавме тој период. Многу е тешко да се победи националниот тим што ги има Ракитиќ и Модриќ. Тешко е да се запре, ама ние успеавме, рече Енрике.

Шпанскиот селектор е задоволен од залагањето на неговите избраници.

- Ми се допадна ставот на играчите да работат напорно. Сите 23 беа прекрасни. Но, треба да го одржуваме нивото и во наредните месеци, додаде Енрике. зс/09:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.