Кедира во Јувентус до 2021 година

Кедира во Јувентус до 2021 година

Торино, 12 септември 2018 (МИА) - Германскиот фудбалер Сами Кедира го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година, објави италијанскиот шампион на својата веб страница.

Играчот од средниот ред, кој пристигна во Јувентус пред три години од Реал Мадрид, досега за „старата дама“ одигра 112 натпревари и постигна 20 гола.

Кедириа досега освои три последователни шампионски титули со Јувентус, а два пати играше финале во Лигата на шампионите (2015 и 2017 година).

За репрезентацијата на Германија, со која стана светски шампион 2014 во Бразил, има 77 настапи и седум гола. зс/14:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...