МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

9 јули 2018

Скопје - Потпретседателот на Националниот комитет на Кинескиот политички совет на 13. Национален конгрес Џанг Чингли во официјална посета на Македонија.

- Средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери (10:00 - 10:45)

- Средба со претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и членовите (10:55 - 11:25)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/11:15)

Скопје - Брифинг на министерката за одбрана Шекеринска и Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, пред Самитот на НАТО. (Влада на РМ, Свечена сала/12:00, Пристигнување на медиумите во Владата, на влезот од страната на Медиа центарот, најдоцна до 11:45)

Скопје - Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе го отвори настанот на кој ќе бидат потпишани договорите за проектите за регионален развој за 2018 година. (Влада на РМ, Свечена сала/13:00)

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе го отвори вториот јавен настан „Отворено владино партнерство - дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе одржи прес-конференција во врска со повеќе тековни и реализирани активности на Министерството за образование и наука од преземањето на функцијата (Медиа центар-Влада на РМ/11:00) 

Скопје - Седница на Уставниот суд на Република Македонија. (Уставен суд на РМ/9:30 - брифинг за новинари/13:00)

Скопје - Стопанската комора на Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Со средствата од европските фондови до поголема конкурентност на македонските компании“. (Стопанската комора на Македонија/11:00)

Скопје - Единствена Македонија до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе целосен текст на Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. (Изјава за медиуми пред службениот влез на Собрание на РМ/13:00)

Скопје - Отворање на прва Кока-Кола активна зона од третиот циклус за 2018 година, на кое ќе присуствува и градоначалникот на општина Шаир Висар Ганиу. (Игралиште Топанско Поле - ул „Методија Митевски“ општина Чаир/10:30)

Скопје - Концерт на Младинскиот светски џез-оркестар предводен од американскиот диригент Луис Бонила на „Скопско лето“. (Сули ан/ 22:00) 

Битола - Концерт на хоровите на КУД „Стив Наумов“ во рамки на „БитФест“. (Завод и Музеј/20:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...