МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

10 јули 2018

Лондон - Владина делегација предводена од премиреот Зоран Заев на Самитот „ЕУ/Западен Балкан“.

Скопје - Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе одржи прес-конференција во врска со претстојниот Меѓународен саем за земјоделство и храна „АГРА“ на кој Македонија е земја-партнер. (МЗШВ, голема сала/10:30) 

Скопје - Работната група при Министерството за култура на брифинг ќе информира за општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ - „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“. (Влада на РМ, Медиа центар /11:00)

Скопје - Одбележување на Светскиот ден на населението 2018. (Простории на УНФПА/10:00)

Скопје - Завршен настан на Здружението „Зелена Лупа“ по повод проектот „Да ја вратиме довербата во судовите - Правда за секого!“. (Стопанска комора, мала сала /11:00)

Скопје - ЕВН Македонија ќе го одбележи денот на Никола Тесла. (Изложбен центар за електрична енергија „Матка“ /11:00) 

Скопје - Меѓународна конференција Од Газа до Скопје - посветена на Натан, пророк на сабатството во историјата, литературата и филозофијата (Македонска академија на науките и уметностите /9:15)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе одржи прес-конференција по повод отворањето спортско-рекреативна зона донирана од компанијата „Бимилк“. (Кеј на реката Вардар кај Алпинистичката карпа /11:00)

Скопје - Сојузот на извидници на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Градски парк, ресторан „Маргер“ /10:00)

Скопје - Комеморација за жртвите во Сребреница, БиХ, во организација на Форумот на Бошњаците на РМ. (Општина Чаир, пленарна сала /19:00)

Скопје - Македонската филхармонија на прес-конференција ќе информира за програмаta за следната концертна сезона 2018/2019, како и за трите претстојни турнеи во Казахстан, Кина и Шпанија. (Македонска филхармонија, бифе /11:00)

Скопје - Самостојни изложби на Сашо Саздовски и на Пандора Апостолкса Саздовска. (Музеј на град Скопје /19:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Ти си мобилна архитектура“ на Ирена Пејовиќ. (Музеј на современа уметност /20:30)

Битола - Проекција на документарен филм „Културниот, традиционалниот и верскиот развој на Влашката заедница во Битола“ (Универзитетска библиотека /12:00)

Скопје - Пијано рецитал на Михаил Јагуриноски во рамки на Прилепко културно лето. 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ