МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

11 јули 2018

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе се сретне со претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија, по повод одбележувањето на 11 јули, Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и помошник генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и одговорно лице за Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, Владимир Олегович Ракхманин ќе потпишат Програмската рамка на ФАО за Македонија (2018-2020) и Првиот проект имплементиран од ФАО за РМ, финансиран од Програмата за подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд. (Влада/12:00)

Скопје - Прес - конференција на владиниот портпарол Муамет Хоџа за одлуките донесени на 78. седница на Владата. (Медиа центар на Владата/11:30) 

Кавадарци - Пуштање во употреба на новиот простор за згрижување деца „Буба Мара“, во рамки на детската градинка „Рада Поцева“ на кое ќе присуствува министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. (11:00) 

Скопје - Прес-конференција на која претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе потпише меморандум за соработка со директорот на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. (Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00)

Скопје - Прес-конференција и означување почеток на проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“.  (Јавно претпријатие за пасишта, бул.„Партизански Одреди“ бр. 145 / 11:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе бидат соопштени досегашните и идни конзерваторски и реставраторски работи на античкиот театар во Скупи. (Археолошки локалитет Скупи/11:00) 

Охрид - Прес-конференција по повод  отворањето на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. (хот. „Инекс-Горица“/12:00)

Скопје -  Во рамки на „Скопско лето“ изложба „Музичка реминисценција во сликарство“ на Дренуша Палоши (Културно-информативен центар/20:30) и концерт на бугарскиот пијанист Димчо Величков. (Музеј на Град Скопје/21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ