• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

12 јули 2018

Варшава - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе учествува на 3. Самит на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа и на прославата на 550-годишнината од Полскиот парламентаризам.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (сала4/13:00)

Скопје - На Универзитетската клиниката за гастроентерохепатологија ќе бидат пуштени во употреба Кабинетот за клиничка исхрана и новата  ендоскопска капсула за испитување на заболувањата на тенкото црево  (11:00)

Скопје - Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија организира тркалезна маса на тема: „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“. (х. „Холидеј ин“/9:30)

Скопје - Заедничка прес-конференција на Абдусамед Шабани, директор на ЈП „Комунална хигиена“ и Мирослав Богдановски, раководител на Секторот Инспекторат на Град Скопје. (рециклажен двор на ЈП „Комунална хигиена“, позади бензинската „Макпетрол“ на бул. „Илинден“/10:30)

Охрид - Обука за стручните лица од областа на Безбедноста и здравјето при работа – Правни решенија и инспекциски надзор, во организација на Македонското здружени за заштита при работа. (х. „Аквалина“/13:30)

Охрид - Свечено отворање на 58. фестивал „Охридско лето“ со настап на романската оперска дива Елена Мошуц и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија. (Антички театар/)

Скопје - Во рамките на „Скопско лето“ ќе биде прикажан филмот „Смртта на Сталин“ (The death of Stalin). (Факултет за ликовни уметности - Сули ан/21:00)

______________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ