• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

13 јули 2018

Варшава - Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ја продолжува посетата на Полска, каде учествува на 3. Самит на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа и на прославата на 550-годишнината од Полскиот парламентаризам.

Брисел - Четиринаесетти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија, со учество на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, високата претставничка на ЕУ и потпретседателка на Европската Комисија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. (прес-конференција/13:00)

Скопје - Потпишување договор за државна помош со претставници на американската компанија ТЕЛАМОН Европа ДООЕЛ Скопје, на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката без ресор за странски инвестиции Зорица Апостолска и Том Пуза, директор на ТЕЛАМОН Европа. (Медиа центар на Влада на РМ/11:30)

Скопје - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе се обратат на доделување грантови од првиот јавен повик за финансирање мали и средни претпријатија од третиот столб на Планот за економски раст. (Македонска филхармонија/12:15

Скопје - Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе се обрати на третиот состанок на Управувачкиот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на земјите од Југоисточна Европа. (Клуб на пратеници/14:00)

Скопје - Министерот Оливер Спасовски  во погоните на Фени Индустри во Кавадарци ќе присуствува на ништењето на разновидно неупотребливо, односно трајно оштетено службено оружје на Министерството за внатрешни работи. (13:30)

Крива Паланка - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во посета на општина Крива Паланка. (изјава за медиуми/11:30)

Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши за претставување проект за туристичка промоција „Визит Македонија. (медиа центар на Влада на РМ/13:00

Скопје - Подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика. (РКЕ, сала на 6 кат/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција. (паркинг во Клинички центар кај Стоматологија/10:30)

Скопје - Почнуваат активностите за одбележување две години од неуспешниот обид за државен удар во Турција, под покровителство на Амбасадата  на Република Турција во Македонија. (Мустафа Пашина џамија Скопје/12:20) 

Скопје - Директорот на ЈП „Комунална хигиена" Скопје, Абдусамед Шабани, на средба со медиуми ќе информира за ингеренциите и активностите на претпријатието поврзани со одржување на хигиената и чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје. (двор на Клинички центар „Мајка Тереза“/09:00)

Скопје - Промотивен настан за проектот „Мој Карпош - Моја картичка“, организиран од општина Карпош. (Тениски клуб во „Александар Палас“/10:30)

Охрид - Прес-конференција на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставник на Аволон продукција за претстојните настани во Охрид. (мала сала на општина Охрид/11:00)

Галичник - Концерт на Влатко Стефановски и Весна Ѓиновска Илкова во пресрет на 45. „Галичка свадба“. (плато пред чешма Упија/22:00)

Охрид - Во рамки на „Охридско лето“ ќе биде изведена театарската претстава „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс. (Центар за култура „Григор Прличев“/21:00)

Скопје - Промоција на книгата „Скопски блуз и други песни од Македонија“ на Имануел Мисфурд, во рамки на Скопско лето. (Градска кафеана „Пелистер“/11:00)

Битола -  Промоција на книгата „Нашето националистичко пијанство“ од авторот Александар Литовски (Магаза/19:00

______________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ