МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

18 јули 2018

Скопје - Собранието ќе ја продолжи 53. седница. (11:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 10/10:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 10/10:30)

Скопје - Претседателот на Владата и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев закажа лидерска средба. (Клуб на пратеници/18:00)

Радовиш - Претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе присуствуваат на пуштање во употреба на пречистителна станица за третман на урбани води во Радовиш. (10:00)

Штип - Претседателот на Владата Зоран Заев ќе се обрати на свеченоста по повод отворањето на спомен-соба за првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. (Општински мултимедијален центар „Киро Глигоров“/12:00)

Скопје - Министерката за странски инвестиции  Зорица Апостолска и претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска ќе одржат прес-конференција. (ССК/11:30)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари средба со министерот за регионален развој на Република Косово, Расим Демири. (Министерство за економија, Инсерти-11:20/Изјави за медиуми-11:45)

Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција. (Министерство за здравство, пред горна сала/9:30) 

Охрид - Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе ја посети Казнено-поправната установа „Охрид“ при што ќе бидат доделени потврди за стекнато знаење по јазична и нумеричка писменост на малолетниците, сместени во Воспитно-поправната установа. (10:15)

Скопје - Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Ставот на СКСЗМ за законот за забрана на перење пари и финансирање на тероризмот". (Простории на СКСЗМ, 5 кат, сала 4/11:00)

Скопје Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе приреди прием по повод поканата за полноправно членство на Македонија во НАТО.  ростории на ТВ 21, „Сквер 21“, ул. „Македонија“/ 13:00)

Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи 14.седница. (Сала на Совет на град Скопје/11:00)

Охрид - Концерт на Вроцлавскиот барокен ансамбл од Полска („Св.Софија“/21:00)

Скопје - НВО Лулка организира работилница на тема „Научете како да го доите вашето бебе„ по повод Светската недела на доењето. (х.„Порта“/18:00-20:00)

Скопје - Промоција на цедето „Од македонското поднебје - кон Исток“ во рамки на „Скопско лето“. (Музеј на македонската борба/20:30)

Битола - Музејот од Дубровник промовира изложба на тема „Лојдови сликописи“. (Завод и Музеј-Битол /20:00)

Битола - Изложба на акварели на Александар Поповски. (Магаза/ 20:00)

_____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ