МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

20 јули 2018

Приштина -  Министерот за надворешни работи Никола Димитров во официјална посета на Република Косово.

Охрид - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари работна средба со Мевљудин Нухоџиќ, министер за внатрешни работи на Црна Гора. (вила Охрид/10:00)

Струмица - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов во посета на општина Струмица. (изјава за медиуми на регионалниот пат Струмица-Берово, делница Дабиле-Хамзали/12:45)

Берово - Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе учествува на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион. (х.Манастир, изјави за медиуми/12:45)

Неготино - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, постојаната претставничка на ОН Луиза Винтон,  градоначалникот на Неготино Тони Делков ќе го отвори малиот групен дом во кој ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод во Демир Капија. (с.Тимјаник/11:00)

Скопје - Министерот за култура Асаф Адеми ќе учествува на  јавна дебата за Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата огранизирана од ресорното Министерство. (Кинотека на Македонија/10:00)

Скопје - Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе одржи прес-конференција посветена на „Европски ден на жртвите од криминал од омраза - 22 јули“. (Простории на Хелсиншки комитет за човекови права/11:00)

Охрид - Инфо-сесија за програмата Креативна Европа во организација на Министерството за култура (сала на Општина Охрид/11:00) и конференција на тема „Важноста на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“. (Филмска академија/13:00)

Скопје - Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници, инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ ќе одржат прес-конференција. (пред Министерство за труд и социјална политика/11:00)

Скопје - Прес-конференција на здруженија на акцијаши во Македонија по повод 70 години од младинската работна акција „Маврово 48“, 40 години од младинската работна акција „Братство и единство“ и 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. (Дом на АРМ/11:00) 

Скопје - Хуманитарен настан во чест на Марија Михајловска со поддршка на општина Ѓорче Петров.

- Крводарителска акција во Центарот за култура на Ѓорче Петров. (12:00)

- Музички перформанс. (19:30)

Скопје - Народен собир посветен на Светата маченица Недела. (Горна Матка, манастирски комплекс Свети Спас и Марков град)

Охрид - Јубилејна 30. Поетска ноќ во Велестово посветена на македонската поезија. (Пред чешмата во Велестово/21:00)

Демир Хисар - Ликовна изложба „Хаос“ од уметницата Александра Најдовска. (Дом на култура/20:00)

Скопје - Изложба „Играчки и роботи во книгите на уметниците - пергамент концертина“ во рамки на „Скопско лето“. (НЛБ Галерија / 20:00

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ