МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

26 јули 2018 

Охрид - Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј (10:45/Вила Билјана) и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана, Абдулмомен бин Мохамед Шараф.(11:45/ Вила Билјана)

Скопје - Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 55. седница посветена на пратенички прашања. (сала „Македонија“/11:00)

Скопје -  Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала „Борис Трајковски“/9:30)

Скопје - Работни средби на Клубот на пратенички: 

- Средба на координаторката на Клубот на пратенички Ѓулумсер Касапи со младинска делегација за родови прашања од Таџикистан - придружувана од двајца претставници на мисијата на ОБСЕ. (Сала на Уставна комисија/13:00)

- Работна средба на Клубот на пратеничките на тема: Измени и дополнувања на Изборниот законик“.(сала на Уставна комисија/14:00)

Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад ќе потпишат Меморандум за разбирање за билатерална проектна соработка. (СЕП/14:30, ќе има обраќање и до медиумите)

Скопје - Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. (Медиа центар во Влада на РМ/11:00)

Скопје - Средба со новинарите на која претставници на Министерството за одбрана, АРМ и Амбасадата на САД ќе информираат за претстојната обука на припадници на Армијата на САД во Европа на армискиот полигон „Криволак“. (МО/10:00)

Охрид - Директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Никола Шалваринов ќе  ја отвори десеттата Летна школа за изучување мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво.(простории на Конгресниот центар во Охрид/16:00)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 32-та седница, (конференциска сала на II кат/15:30)

Скопје - Делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Петре Шилегов на градските гробишта во Бутел ќе положи цвеќиња пред Споменикот на загинатите во земјотресот во 1963 година. (10:00) 

Скопје - Вонредна седница на Советот на Град Скопје. (сала на Советот/12:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе даде изјава по повод отворањето на два пункта во Карпош за собирање донации за настраданите од пожарите во Република Грција. (пред Општина Карпош, ул. “Радика” бр.9/11:30) 

Скопје - Отворање на изложбата „Од братство и единство `63 до Скопје `63“. (Музеј на Град Скопје/20:00)

Скопје - Црвен крст на град Скопје со поддршка на ООЦК Кисела Вода традиционално организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. (Музеј на Град Скопје/ 9:00-17:00)

Скопје - Во склоп на „Зборува Скопје“ ќе се одржи настан „МКЦ за Скопје“. (МКЦ)

Скопје - Промоција на  антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес  „Ден судбоносен – 26 јули 1963“. (Дом на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда/19:00)

Скопје - Македонско здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет", Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври" од Скопје, Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ( ЗМСТА ) и ИНФЕ Македонија, во знак на сеќавање и незаборав на 26 јули и жртвите од катастрофалниот земјотрес организираат добротворен настан. (Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври"/11:00-13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Грчката колекција во Музејот на современата уметност“.(Музеј на современата уметност/12:00)

Скопје - Промоција на „Графичка мапа на Родољуб Анастасов“, проект на Музејот на Град Скопје, финансиран од Град Скопје, а реализиран во рамките на „Скопско лето“. (Музеј на Град Скопје/20:30)

Скопје/Илинден - Со настап на Влатко Стефановски под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден - 2 Август. (амфитеатар на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“/20:00)

________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...