• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

27 јули 2018

Скопје - Претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила во официјална посета на Македонија. 

- Свечен пречек на романската владина делегација предводена од премиерката Данчила. (Плато пред Влада на РМ/12:00, пристигнување на медиумските екипи пред влезот на Медиа центарот/11:30)

- Тет-а-тет средба на премиерот Зоран Заев и романската премиерка Виорика Данчила

- Билатерална средба на делегациите на двете влади. (Хол во Владата на РМ/13:05)

- Средба на романската премиерка Виорика Данчила со потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски. (Сала на Уставна комисија/13:30)   

Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. Димитар Ташковски ќе потпишат Меморандум за соработка. (простории на ФЕИТ/13:30)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставникот на Канцеларјата на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс ќе присуствуваат на отворањето на малите групни домови во Скопје во кои ќе живеат децата од Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“. (Групен дом, населба Влае,  улица „Иван Цанкар“ број 115, зад бензинската на Макпетрол/12:00)

Прилеп - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски ќе извршат увид во изградбата на патиштата за ТИРЗ-Прилеп.  (Изјава за медиуми/11:30)

Прилеп - Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп и Институтот за старословенска култура ќе одржат прес-конференција за тековните истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука. (Археолошки локалитет Врбјанска Чука/11:00)

Скопје - Комеморативна седница по повод смртта на академик Милан Ѓурчинов. (МАНУ, Свечена сала/11:00)

Скопје - Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу,  директорот на ЈП Улици и патишта Сенад Смаиловиќ и директорот на ЈП Комунална Хигиена  Абдусамед Шабани ќе присуствуват на отворањето на велосипедската патека на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Чаир. (Крстопат меѓу булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Втора Македонска Бригада“/11:30)

Скопје - Почнува 40. Коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“. (Парк Јане Сандански, општина Аеродром/17:00) 

- Крводарителска акција (Црква „Св.петар и Павле“, Горно Лисиче/17:30-20:00)

Охрид - Отворање на изложбата „Мултиплицирани реалности“ на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вуисиќ и Марко Вујисиќ. (Галерија Робевци/20:00)

Битола - Изложба на фотографии „Фолклорни мотиви“ на фоторепортерот Петар Ставрев. (Центар за култура, фоаје/19:00)

________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...