МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

31 јули 2018

Скопје - Прес-конференција на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. (Влада на РМ, Медиа-центар / 11:00)  

Скопје - Прес-конференција на министерот за образование и наука Арбер Адеми за капиталните инвестиции во образованието. (Влада на РМ, Медиа-центар / 10:00

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе одржи прес-конференција посветена на референдумот и неговото медиумско покривање. (АВМУ/12:00)

Скопје - Регулаторната комисија за енергетика на РМ (РКЕ) ќе одржи  подготвителни седници за измени на Правилникот за регулирање на тарифи за пренос, управување и дистрибуција на природен гас и за утврдување тарифа за водоснабдување на населението од подружницата Кумановско-липковско поле на а.д. Водостопанство. (РКЕ, сала за состаноци /10:00 и 12:30)

Скопје - Прес-конференција на директорот на ЈП Македонски железници - Инфраструктура-Скопје Ирфан Асани за текот на изградбата на железничките инфраструктурни проекти. (Дирекција на ЈП Македонски железници - Инфраструктура / 12:00)

Скопје - Асоцијацијата за развојни иницијативи - Зенит ќе промовира Ресурсен центар - завршен настан од проектот „Нема подобрување без мерење - иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“. (х. „Мериот“ / 11:30

Скопје - Прес-конференција на Македонската филхармонија за концертот што ќе го одржи со музичарот и диџеј Хуан Аткинс. (Македонска филхармонија, мала сала /10:45)

Скопје - Друштвото на писателите на Македонија организира комеморација во чест на академик Милан Ѓурчинов. (ДПМ / 11:00)

Скопје - Премиера на претставата „Но(е)ва Македонија“. (Народен театар-Битола / 22:00)

Скопје - Фестивалот „Скопско лето 2018“ завршува со концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. (Сули ан / 20:30

Битола - Републички фестивал „Илинденски денови“: Вечер на староградска музика и игра. (Ракометно игралиште / 20:00

Крушево - По повод националниот празник Илинден, Здружението АН-БЛОК ќе отвори изложба на уметниците Драгица Ристеска-Димитровска и Гордана Дамјановска во рамки на проектот „Крушевска одаја“.  (Дом на култура „Наум Наумоски-Борче“ /11:00) 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...