МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

31 јули 2018

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ќе одржи средба со новинарите. (кабинет на претседателот на Собранието/11:00)

Скопје - Прес-конференција на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. (Влада на РМ, Медиа-центар / 11:00)  

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес- конференција. (Влада на РМ, Медиа-центар / 15:00

Скопје - Прес-конференција на министерот за образование и наука Арбер Адеми за капиталните инвестиции во образованието. (Влада на РМ, Медиа-центар / 10:00

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе одржи прес-конференција посветена на референдумот и неговото медиумско покривање. (АВМУ/12:00)

Скопје - Регулаторната комисија за енергетика на РМ (РКЕ) ќе одржи  подготвителни седници за измени на Правилникот за регулирање на тарифи за пренос, управување и дистрибуција на природен гас и за утврдување тарифа за водоснабдување на населението од подружницата Кумановско - Липковско поле на а.д. Водостопанство. (РКЕ, сала за состаноци /10:00 и 12:30)

Скопје - Прес-конференција на директорот на ЈП Македонски железници - Инфраструктура-Скопје Ирфан Асани за текот на изградбата на железничките инфраструктурни проекти. (Дирекција на ЈП Македонски железници - Инфраструктура / 12:00)

Прилеп - Прв земјоделски форум „Пазарни можности и климатски промени“ и средба со поледелците околу проблемите со производството на пченица за 2018 година организира Националната федерација на фармери. (ресторан „Деспина“/13:00)

Скопје - Асоцијацијата за развојни иницијативи - Зенит ќе промовира Ресурсен центар - завршен настан од проектот „Нема подобрување без мерење - иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“. (х. „Мериот“ / 11:30

Скопје - Прес-конференција на Македонската филхармонија за концертот што ќе го одржи со музичарот и диџеј Хуан Аткинс.  (Македонска филхармонија, мала сала /10:45)

Скопје - Друштвото на писателите на Македонија организира комеморација во чест на академик Милан Ѓурчинов. (ДПМ / 11:00)

Битола - Премиера на претставата „Но(е)ва Македонија“. (Народен театар-Битола / 22:00)

Скопје - Фестивалот „Скопско лето 2018“ завршува со концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. (Сули ан / 20:30

Битола - Републички фестивал „Илинденски денови“: Вечер на староградска музика и игра. (Ракометно игралиште / 20:00

Крушево - По повод националниот празник Илинден, Здружението АН-БЛОК ќе отвори изложба на уметниците Драгица Ристеска Димитровска и Гордана Дамјановска во рамки на проектот „Крушевска одаја“.  (Дом на култура „Наум Наумоски-Борче“ /11:00) 

Охрид - Граѓани и активисти ќе одржат протестна поворка и перформанс  за заштита на охридското крајбрежје од непланска урбанизација и девастација. (протестна поворка од пред спорниот хотел во Лагадин во 11:00 до пред општината, перформанс пред општината /12:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ