МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

1 август 2018

Скопје - Вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер во посета на Македонија.

- Палмер ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. (Вила Водно/13:00)

Охрид - Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на отворањето на новата автобуска станица на Делфина Турс и на означувањето почеток на изградба на трговскиот центра во рамки на автобуската станица во Охрид. (Нова автобуска станица на Делфина Турс, ул.„15 корпус“ бр. 1/11:15

Скопје - Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлантски интеграции, Бојан Маричиќ ќе одржат прес - конференција за концептот на преговарачката структура за пристапувањето на Република Македонија кон ЕУ. (Медиа центар Влада на РМ/12:00)

Кочани - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе ја посети текстилната фабрика „Голден текст“. (Простории на фабриката/изјави за медиумите во 11:30)

Скопје - Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција ќе информира за одлуките од 82-рата седница на Владата на Република Македонија. (Медиа центар на Влада на РМ/11:00) 

Скопје - Седница на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. (Сала 4/11:00)

Струмица - Турската агенција за соработка и координација-ТИКА ќе му донира возило на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско-Струмица. (15:00)

Скопје - Регулаторната комисија за енергетика ќе одржи подготвителна седница на која ќе биде разгледано решението за утврдување тарифа за снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението на АД Водостопанство на РМ Скопје Подружница Кумановско-Липковско Поле, Куманово за 2018-2020 година. (РКЕ, сала за состаноци/12:30)

Прилеп - Здруженијата ЛАГ Агро Лидер и Солар Македонија ќе одржат презентација пред фармери од Пелагонија на тема „Внесување на соларни системи во земјоделското производство во регионот“. (х.„Кристал Палас“/10:15)

Прилеп -  Амбасадата на Русија во Македонија, oпштина Прилеп и локалното здружение на македонско-руско пријателство ќе положат венци на споменикот на руските војници погребени на Германските воени гробишта. (10:00)

Скопје - Кајакарската федерација на Македонија ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопштат деталите за започнувањето на Европско првенство во кајак спуст на дива вода за јуниори и сениори до 23 години-Скопје 2018. (Простории на Агенција за млади и спорт/11:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...