• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

2 август 2018 

Одбележување на 2 Август - Денот на Републиката, 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ:

Крушево -  Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов  ќе се обрати на народниот собир на Мечкин Камен. (12:00

- Државни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Никола Карев (9:30) и на Споменикот на хероите во месноста Слива. (10:00)

- Панихида во храмот „Свети Никола“ (10:30)

Пелинце - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ќе се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ. (11:30)

- Државни делегации ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ (11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ќе се обрати пред споменикот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ. (Плоштад „Македонија“ / 10:45)

- Државни делегации ќе положат цвеќе пред Споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“ (9:50), споменикот на Никола Карев пред Собранието на РМ  (10:00) и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ (10:20)

Смилево - Одбележување 115 години од Илинденското востание и 76 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ за ослободување на Смилево. 

- Владина делегација ќе положи цвеќе на спомен-обележјата - могила на Даме Груев - обелиск, споменикот на смилевските илинденци - обелиск и на спомен-плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“. (9:00)

Благоевград - Премиерите на Република Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание. 

- Заев и Борисов ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“  во Благоевград. (17:00 локално време

Битола - Традиционална Семакедонска  средба. (село Трново / 10:30)

Струга - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација ќе присуствува на одбележување на празникот 2 Август - Илинден во село Ташмаруништа, каде ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Двата Илиндена (11:00), ќе ја посети црквата Св. Архангел Михаил (11:10), и ќе има свое обраќање (11:30). 

Демир Хисар - Манифестација „Илинден во Смилево“. (село Смилево /9:00)

Охрид - Концерт на Македонската филхармонија со американскиот музичар и диџеј Хуан Аткинс под диригентство на Џијан Емин. (Антички театар / 22:00) 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ