• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

6 август 2018

Скопје - Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за спроведување на Стратегијата за Роми 2014-2020, и здружението на граѓани „Ромаверзитас“ организираат комеморација во сеќавање на геноцидот на Ромите во Втората светска војна. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите во Република Македонија / 11:00)

Скопје - Прес-конференција на Стопанска комора на Македонија посветена на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. (Стопанска комора на Македонија /11:00)

Скопје - Општина Гази Баба организира манифестација под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, по повод две години од невремето во Скопско што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица.  (плоштадот во Стајковци /19:00)

Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Струга по повод 46. Меѓународен ракометен турнир Струга 2018, кој ќе се одржува од 15-ти до 19 август 2018. („Портофино“, кај катна гаража „Солунски конгрес“ / 12:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ